
Сликата во Клиничката болница во Штип, сеуште држи статус – кво. Нема некои значителни и драстични промени. Бројот на лица позитивни од Ковид – 19, останува речиси ист, со тоа што во текот на денот дел од пациентите се отпуштаат, но во исто време се примаат и нови пациенти.
„Ситуацијата е слична како во изминатиот период, пациентите кои што се испишуваат во текот на денот од Инфективниот оддел, се надополнуваат тие кревети со останатите пациенти, коишто ги имаме во изобилие во приемната амбуланта. И понатаму е ставен во фукнција одделот од Кожното одделение, каде што има полесни случаеви, но од пред неколку дена имаме на одделот за интезивна нега уште 6 дополнителни кревети. Со тоа за уште една нијанса се олеснува на персоналот од Инфективното одделение“- истакна денеска директорот на Клиничката болница – Штип, д-р. Ален Георгијев.
Градот Штип, спаѓа во приоритетните градови за поставување и на модуларна Ковид болница, со што ќе се олесни работата, а ќе се овозможат и повеќе слободни кревети за лицата на кои им е најпотребно да можат да бидат згрижени на најдобар можен начин.
„Оваа модуларна болница ќе ни биде од голема важност, освен тоа што ќе ги прошириме капацитетите, ќе успееме во еден нареден период да започнеме со онаа долго очекувана реконструкција на зградата на Инфективниот оддел“ – кажа Георгијев.
Ова е првиот чекор за реконструкција на оваа зграда, понатаму следуваат уште етапи, тоа се пари од прекугранична соработка со Република Бугарија, со средства од ЕУ, со што се очекува завршувањето да биде во текот на пролетта – кажа Георгијев.
Од почетокот на пандемијата па до денес, бројот на кревети на Инфективното одделение во Клиничката болница Штип, постојано се зголемува, па од првичните 35 кревети сега на располагање на лицата позитивни на Ковид – 19 им се над 70 легла.
Лаура Стојанова М-Нет