Сладоледот, јајцата и месото ризик за труење, лекарите со совети храната да се чува соодветно

Вкусните летни десерти и домашно подготвена храна во летниот период носат големи ризици за труење. Сладоледот е во центарот на вниманието и затоа лекарите препорачуваат оргномна претпазливост кога се консумира овој вкусен летен десерт. Но, не само сладоледот и не само домашната храна, ризик за труење постои и во угостителски објекти каде се подготвува храна. Затоа апелот е крајно алармантен, бидејќи голем дел од пациентите кои ги полнат ординациите се со труење.

„Во овој период знаеме дека добар десерт е сладоледот, и не само тој туку кога консумираме храна во угостителски објекти не знаеме дали е соодветно чувана до припремата и кога ќе дојде до нејзина консумација. Постои ризик за труење со храна, кои се чести во летниот период, а до тоа може да дојде и од храна која дома ја подготвуваме ако не се чува соодветно. Пред имав пациенти кои не ги подготвиле јајцата соодветно. Салмонелата е многу честа и активна во овој летен период.“ – вели Митрова.

Лекарите препорачуваат јајцата уи месото убаво термички да се преработуваат пред да се консумираат со цел да се избегне труење. Дополнително, се советува и соодветно да се чува храната во домашни услови.

„Не треба да косумираме десерти со јајца кои не се термички обработени бидејќи постои ризик да дојде до интосикација на себе и семејството. Не се само јајцата, туку и месото“ – додава Митрова.

Матичните ординации се понат и заради стомачни вируси кои се доста застапени овој период од годината. На екстремно високи температури се препорачува пиење многу вода, да се носи лесна облека и да се консумира лесна храна.

Лаура Стојанова Ќирчов, М-Нет