
Уште четири кола остануваат да се одиграат во Втората Македонска фудбалска лига – Исток во која се надзира новиот шампион а со тоа и идниот прволигаш од истокот. Екипата на штипска Брегалница има 61 бод и има 9 бодови предност пред кавадаречки Тиквеш кој има 52 бода. Вчера Брегалница ги изврши неопходните ПЦР тестови и надлежните во клубот се надеваат на негативни резултати а со тоа сите играчи во комплетен состав да истрчат на стадионот Никола Мантов во Кочани против домашниот тим Осогово кој засега е на 6 место на табелата со 29 бодови. Веќе се делегирани и официјалните лица за овој натпревар, главен судија ќе биде Никола Костенчев на кого ќе му помагаат Милош Милошевиќ, Горан Милошевски и како четврти судија Христијан Божиновски, сите од Скопје. За Контролор е делегиран Ацо Мировски од Скопје а Делегат ќе биде Хајро Бабачиќ од Скопје. Со евентуална победа во Кочани, штипјани комотно можат да го почнат прволигашкото славје со кое ќе биде зачинет и 100 годишниот јубилеј од формирањето на Брегалница. За таа цел спортската редакција на Мнет ТВ во услови на пандемија и празни трибини ќе ви ја долови сликата од Кочани вршејќи директен пренос на Мнет телевизија и на каналот Мнет Спорт. Еве ги комплетните двојки за ова 24 коло :
- Кит Го Пехчево – Каменица Саса
- Кожув – Тиквеш
- Росоман – Слога
- Плачковица – Победа
- Осогово – Брегалница
Сите натпревари ќе се одиграат во сабота 24 април 2021со почеток во 13.00 часот без присуство на публика.
Драги Герасимов – Пушка Mnet.mk