
Ниските утрински и вечерни температури на чекор да ја отворат грејната сезона порано од предвиденото. Иако во текот на денот температурите достигнуваат и до 25 степени, сепак наутро и навечер е прилично свежо. Граѓаните во Штип велат дека во зависност од временската прогноза започнува и грејната сезона. Ама едногласни дека сѐ уште е рано да се пали оган или да се вклучува клима. Ова пред сѐ е заради финасиска причина. Животот е скап, па тешко некој може да си дозволи да се грее во септември, без разлика дали станува збор за греење на дрва или на струја.
„Кој што има, ако има парно ќе се грее на парно, ако има парно печка ќе се грее на парно печка, ако има дрва ќе се грее на дрва. Кој има пари ќе се подготве секогаш. Јас цел живот сум подготвен со термо печка.“ – велат граѓаните.
Шпоретот на дрва е незаменлив спторед дел од повозрасните штипјани, но има и такви кои одлучуваат да се греат на струја. Цената на дрвата за огрев оваа сезона се движат ококу 4000 денари, а евтина струја има во периодот од 13 до 15 часот и по 22 часот секој ден.
Лаура Стојанова М-Нет