Интезивно се работат типските куќи во Штип, 260 лица од супстандардни ќе добијат нормални услови за домување

За 41 семејство ќе се реши станбеното прашање со изградбата на типските куќи во штипската населба Света Недела. На терен интезивно се работи за реализација на овој проект, а куќите е предвидено да бидат готови до крајот на оваа година. Со тоа 260 лица, од кои 120 деца, кои досега живееја во супстандардни услови во старото нервно одделение ќе добијат топол дом и кров над глава.

„Верувам дека во текот на следната недела еконосмкиот оператор ќе започне со оваа работа и очекуваме некаде до пред Нова година да можат овие куќи да бидат завршени. Во однос на кавдратурата зависно од бројот на членови на семејството, поделени се на четири типа и различна ќе биде квадратурата. Семејствата ќе ги имаат основните санитарни елементи кои се потребни во домот“ – вели Адемов.

Со семејствата ќе бидат потпишани договори, а тие ќе бидат задолжени да плаќаат комунални такси за потрошена електрична енергија и вода. Списоците се веќе подготвени, и сите оние семејства кои живеат во старото нерво одделение, а не се од Штип, и ги нема во списокот да добијат куќа ќе бидат отстаренти од таму посочува Адемов.

„Сите оние лица кои не се во самиот список, а се таму вселени, ние и претходно имавме акција со полициската станица од Штип и заеднички интервениравме. Лицата кои живеат во старото нерво, а не се од нашата општина треба да бидат отстранети од објектот“ – вели Адемов.

Откако ќе се иселат станарите, старите згради ќе бидат урнати и овој дел со изградбата на булеварот „Партизанска„ целосно ќе се урбанизира. Проектот е финансиран од Европската унија и освен во Штип, вакви куќи се градат и во Берово.

Лаура Стојанова М-Нет