
Со отворено дисперзирано кафуле кое функционира на ниво на општината во Штип, единасет видови чаеви и палета на пијачки, градоначалникот Николов на сметка на народот живее на висока нога, обвинуваат од ОК на ВМРО ДПМНЕ Штип.
„Единаесет видови на чаеви, триесет килограми чоколадни бонбони, шестотини литри негазирана вода се само дел од „големите потреби“ на градоначалникот на Општина Штип и неговиот кабинет. Неверојатни и неоправдани се потрошените 121 лијада денари, за набавка на такво разнообразие од продукти, кое асоцира на живот на висока нога.“ – истакнуваат од ОК на ВМРО ДПМНЕ Штип.
Градоначалникот на Општина Штип, Сашко Николов пак вели пиел вода исклучително од чешма, а трошоците за вакви трошоци се намалени за една третина од претходно.
„Градоначалникот не пие час пие чиста вода и тоа вода од чешма во големи количини. Единствено што е направено откако сум јас дојден како градоначаник на Општина Штип е за некаде една третина намалена сумата која беше предвидена од сите градоначалници наназад за набавка на вода, сокови“ – кажа Николов.
Градоначалникот на Штип и неговиот тим работи согласно потребите на граѓаните, и за доброто на граѓаните истакна Николов.
Лаура Стојанова М-Нет