Сите на стадион: Дуелот меѓу Детонит Плачковица – Скопје со хуманитарен карактер за Сандра!

Утре на Градскиот стадион во Радовиш екипата на Детонит Плачковица го игра првиот пролетен натпревар на домашен терен против ланскиот прволигаш Скопје, во рамки на 17. коло од Втората македонска фудбалска лига.

Радовишани на домашен терен играат во страшна форма, имаат осум од осум и максимални 24 бодови. Детонит Плачковица на домашен терен нема примено гол, а нема ниту бод загубено.

Утрешниот дуел ќе има хуманитарен карактер сите собрани средства ќе бидат донирани за лекување на радовишанката Сандра Дејановска Крстев.

Сите радовишани, сите љубители на фудбалот, поддржувачи и навивачи, имаат причина плус утре масовно да дојдат на Градскиот стадион во Радовиш, да го поддржат Детонит Плачковица на патот кон историски пласман во Првата лига, но и да бидат хумани и да донираат за Сандра.

Натпреварот ќе започне во 14 часот, а истиот ќе може да го следите и во живо на телевизија М Нет.

Александар Ванев, М-Нет