
Сите апарати во Клиничка болница Штип се во функција и на располагање. Претходно, односно пред речиси цела година, расипана цевка на рендген апаратот оневозможи негово користење, а не работеше и магнетната резонанца. Сега веќе за скршеница пациентите не треба да одат во Велес или Свети Николе.
Инаку, минатата година штипската болница во голема мера се поднови со нови апарати од витално значење. Во април одделите за хирургија и урологија добија нов модерен апарат, во јули одделот за патологија, а во ноември одделот за неонатологија доби пет нови значајни апарати. Денес КБ Штип доби и нов мобилен рендген апарат, со што сѐ повеќе се зголемува расположливоста на болницата, а се подобруваат и здравствените услуги кон пациентите.
Ребека Спасова М-Нет