Синоќа беше отворен големиот турнир „Црнилиште Куп 2023“ со воведните четири натпревари

Турнирот го отвори директорот на Агенцијата за млади и спорт, Наумче Мојсоски, градоначалникот на општина Долнени Урим Ибески, како и градоначалникот на општина Пласница, Али Јаоски.

Првиот ден од турнирот заврши во знакот на многуте погодоци кои беа постигнати. Воведниот меч со кој беше означен старт на турнирот заврши со девет погодоци, екипата на Фенербахче со 8:1 го доби тимот на Бишат. Во вториот меч Фенербахче го доби и тимот на Браство со 3:1.

Третиот меч донесе убедлив триумф за Братство, кој со 6:0 го декласираше Бишат. Во последниот натпревар за првата вечер Даути Градба со 2:3 беше поразен од Дино Травел.

Вечерва на програмата се нови четири натпревари. Манчестер Сити и Саждево во 19:30 часот го отвараат вториот натпреварувачки ден, во 20:10 ќе играат Хана Декор и Десово Градба. Во 20:50 часот екипата на Фасада Јачник ќе игра против Екипа за Дружба, а пак во последниот натпревар Фасада Чајник оди на соочување со БФ Гипсери.

Телевизија М Нет е медиумски покровител на овој спортски настан.