Симулација на полагање државана матура во средните училишта во Штип со цел да се намали стресот кај учениците

Средношколците во Штип денеска беа дел од проектот за симулација на државната матура. Како се одвива процеост на државана матура, колку прашања има, на кој начин се решава тестот. Со ова Општина Штип е првата општина во државата во која симулацијата ќе се реализира во сите средни училишта.

„Денес во нашето училиште се одвива симулација на државна матура на учениците од четврта година. Целта на симулацијата во нашето училиште е од оглемо значење за учениците за да можат да го надминат стресот и потешкотиите кошто ги имаат за сите овие 4 години. Да видат каде имаат најголем недостиг при учењето и при реализирањето на државната матура.“ посочи Варадиновска

Освен намалување на стресот се овозможува учениците да направат проверка на своето знаење пример по предметот македонски јазик.

„После толку многу години правиме симулација во нашето училиште, целта е покрај намалување на стресот, да се соочат со тој тест да ја видат таа тетратка. Денеска ќе полагаат македонски јазик и литература од причина што им треба да го менаџираат времето на полагањето на тој испит, треба доста време и мислам сето тоа многу ќе им помогне за постигнување на подобри резултати. Ние сме тука заради нашите ученици и сакаме на најдобар начин да им го олесниме целото образование, односно да им овозоможиме да постигнат што подобри резултати.“ изјави Ристова

Велат дека интересот за симулацијата на државната матура се повеќе расте

„Нешто што се случува прв пат и е од полза на учениците,и со ова сметаме дека можеби ќе се подобрат нашите резултати ќе видиме до каде сме стигнале со нашето знаење.„ изјави Дончова

Матурата траеше четири часа, а тестовите беа преземани од претходните години. Државната матура се полага на 1 и 8 јуни, а во Штип полагаат околу 500 средношколци.

Лаура Стојанова М-Нет