Силно невреме вечерва го зафати Кочани

Силно невреме проследено со дожд, град и ветер го зафати Кочани. невремето зад себе остави поплавени улици и тротоари, сообраќајот на делови од градот беше во прекин и пренасочен. Дуќаните во Трговски центар беа поплавени, а штети претрпеа и домаќинства. На терен вечерва се градоначалникот Љупчо Папазов, екипи на ТППЕ Кочани и СВР Кочани.