
Прволигашот Силекс со висока победа од 6:0 над Башкими ја отвори новата сезона во првата македонска фудбалска лига, со што кратовци успешно стартуваа.
По завршувањето на европските настапи екипата на Александар Васоски се насочува кон домашното првенство и Купот на Македонија. Како што вели стартегот на прволигашот од Кратово, целта ќе биде како и минатата сезона, Силекс да освои барем еден трофеј и тимот повторно да игра во Европа.
„Целта е иста како и минатата сезона – да се освои барем еден трофеј и тимот повторно да игра во Европа. Ќе се обидеме да бидеме што подобро пласирани на табелата, а во Купот да стигнеме до финалето. Заминаа неколку играчи, но сметам дека донесовме соодветни замени за нив, и верувам дека сме повторно конкурентен тим за да се бори за горниот дел на табелата. Доколку се укаже шанса секако дека ќе ја нападнеме и шампионската титула, но оставаме да видиме како ќе се одвива шампионатот“, вели Васоски.
Силекс во рамки на второто коло ќе гостува кај дебитантот Шкендија Арачиново.
Александар Ванев, М-Нет