Силекс на подготовки во Анталија, Турција: Закажани пет контролки!

Прволигашот Силекс од Кратово главната фаза од зимските подготовки ќе ја одработи во Анталија, Турција во период од 22. јануари до 5. февруари.

Есенскиот шампион во Првата македонска фудбалска лига договори и пет контролни натпревари кои ќе ги одигра на турско тло. Првата контрола во Турција ќе биде одиграна на 24. јануари против Нефтчи Фергана, четири дена подоцна против Пахтакор.

За 31. јануари е закажан тест против тимот на Ружомберок, а пак на 3. февруари против АСК Воитсберг, последната тест со кој ќе се затворат подготовките во Турција екипата на Силекс ќе го одигра против Железничар на 4. февруари.

Силекс пролетниот дел од Прва лига го отвара против Тиквеш на домашен терен.

Александар Ванев, М-Нет