Сеќавањето на хероите од 2001 година во Штип одбележано и денеска

Наместо последни подготовки за свадба син ми го донесоа во ковчег. Вака мајката на еден од убиенти херои од 2001 година ја опишува својата тага со која живее повеќе од две децении. Незјиот син, Влатко Петров на 24 години го дава својот живот за слободна држава.

„Таа година требаше да му заврше обуката да си дојде дома, да користе викенд дома, меѓутоа не беше така. Поканите ми беа донесени за свадба, свадба подготвувавме, костумот се му беше подготвено, донесеа ми го во ковчег. 21 година не можеме да се помиреме како родители, болката е многу голема, времето одминува. Велат времето лече се, лече ама за кога лече…“ – вели мајката Убавка.

И после 21 година, Петорва вели останува горда мајка што одгледала храбар син, но не е задоволна од третирањето на државата кон бранителите кои својот живот го дале за својата татковина.

„20 години чекав стан да ми дадат, со скудни маки го добив. Не сум задоволна и од споменикот тука што го има, што гледам по другите градови и на другите места навистина има споменик“ – додава Петрова.

Денеска, со положување свежо цвеќе и едно минутен молк, преставници од Локалната самоупрва, делегации, пријатели и роднини им оддадоа почит на младите херои кои загинале за слободна држава.

Освен младиот Влатко Петорв тој кобен трети маај 2001 година животот на бојното поле го оставиле и Кирчо Димитриов, Димитар Двојаковски, Дејан Јакимовски и Теодор Стојановски. Во чест на нив спомен обележјето Општина Штип го подигна во 2001 година.

Лаура Стојанова М-Нет