
Повраќање, треска, грчеви, лигавење од уста и неконтролирано движење се главните симптоми по кои може да се препознае отруено куче. По серијата труења на домашни миленици во истокот само оваа година, штипските ветеринари, излегоа со апел до сопствениците. Како што рече доктор Методи Бреслиев, штом сопственикот забележи некои од промените кај своето милениче, мора веднаш да го однесе во ветеринанра станица, оти ланатата покрај тоа што е најчест отров, има и брзо дејство врз самото животно.
,,Значи пред се отруено куче се препознава со тоа што прв симптом е повраќањето, тие се тресат, имаат грчеви, потоа друг симптом е лигавење од устата, самите кучиња не можат да се движат, паѓаат, неконтролирано се движат и тоа се едни од главните симптоми на труење кај животните.
Штом самиот сопственик го забележи тоа, под итно мора да го однесе во ветеринанрна станица, затоа што и минутите се важни. Најчест отров со кој се трујат домашните животни е ланатата, има брзо дејствие и доколку не се превенира, самото куче може да умре“, рече д-р Бреслиев
Д-р Бреслиев советува секој кој не е во можност да го донесе кучето на ветеринар, по забележаната промена може слободно во домашни услови да даде медицински јаглен, а веднаш потоа да го однесе на ветеринар. Во ветеринарните станици се даваат лекарства, инфузии и други средства да предизвикаат повраќање и исфрлање на отровот од организмот.
,,Доколку самиот сопственик не е во можност одма да го донесе кучето на ветеринанр, може слободно да даде медицински јаглен, односно карбо медициналис. Тоа е лек што може одма да се даде, но потоа мора да се однесе кучето на ветеринар. Во ветеринарните станици се даваат лекарства и инфузии и некои средства коишто можат да предизвикаат повраќање, се со цел самиот отров што побргу да се извади од организмот. Најбитна е превенцијата, односно брзината на лечење на самото животно“, додаде д-р Бреслиев
Д-р Бреслиев посочи дека не е хумано одземањето живот на едно животно и предупреди луѓето да имаат поголема свест и да не ги трујат животните.
,,Не е хумано да тровеш куче, ние сме ветеринари, ние ги лекуваме кучињата и мачките, сето тоа го осудувам, затоа што на луѓето не им се криви ни кучињата ни мачките, доколку тие се нешто изнервиеани или се лоши луѓе. Можам да кажам дека најостро го осудувам таквиот чин“, истакна д-р Бреслиев
Докторот Методи Бреслиев ја истакна брзината како клучна при лечење на едно животно, оти навременото реагирање и превенција можат да го спасат животот на животното.
Иван Митев, М-Нет