Кочанските коњаници утре тргнуваат кон Крушево, почит и кон жртвите од пожарот во Пулс

Кочанските коњаници утре тргнуваат кон Крушево, а годинава ќе бидат испратени и со сеќавање на жртвите од пожарот во дискотеката „Пулс“. Од Здружението на граѓани „16 Март – Кочани“ велат дека преку заедничкото одбележување, ќе се чува споменот на нивните сограѓани и другари кои беа жртви во трагедијата, но и ќе им се оддаде почит на илинденските херои. Во Градскиот парк ќе бидат испратени кочанските коњаници, а настанот ќе биде проследен со свечена програма и културно-уметнички настапи. Организаторите повикуваат достоинствено да се продолжи традицијата што ги обединува љубовта кон татковината, историјата и македонскиот дух. Велат дека Илинден е симбол на слободата, достоинството и непокорот на македонскиот народ.

ТЕЛОП:

,,Ве покануваме заедно достоинствено да ги испратиме кочанските коњаници на нивниот пат кон Крушево, продолжувајќи една традиција што ги обединува љубовта кон татковината, историјата и македонскиот дух.

Со свечена програма, културно-уметнички настапи и заедничко одбележување на Илинден, да покажеме дека споменот за нашите предци, како и споменот на нашите сограѓани и другари кои беа жртви во пожарот во дискотеката Пулс, живее преку нашите дела.

Да бидеме дел од традицијата. Да ја чуваме историјата. Да го славиме Илинден со чест и достоинство.“, соопштуваат од здружението

Инаку, според планираното во 9:15 минути е предвидено положување цвеќе на гробиштата во лест на 63 жртви, кои животот го загубија на кобниот 16 март минатата година, во кои што пожар околу 200 беа повредени.

Иван Митев, М-Нет