Селекторот Александар Андов го објави списокот со повикани фудбалерки за дуелите со Летонија и Косово

ФОТО: ФФМ

Женската сениорска репрезентација на Македонија на 4 април, петок ќе го одигра мечот против Летонија, а четири дена подоцна против Косово во рамки на продолжението од Лигата на нации за пласман на Светското првенство 2027 година.

Во петок со почеток од 15 часот ќе Македонија ќе игра против Летонија, а четири дена подоцна македонската репрезетанција ќе гостува во Приштина каде ќе игра против селекцијата на Косово, во меч кој ќе започне во 14 часот.

Селекторот на женската репрезентација на Македонија, Александар Андов го објави списокот со повикани фудбалерки за натпреварите со Летонија и Косово.

Андов ги повика голманките Евгенија Велјановска, Викторија Панчурува и Кристина Павлоска.

Во одбрана ќе бидат Сара Коларовска, Ане Бошеска, Павлинка Николовска, Мила Панева, Лимани Ихмете, Викторија Недева, Елена Панеска и Бојана Петкова.

Во средниот ред ќе бидат Маријана Нацева, Теона Голабовска, Хава Мустафа, Александра Марковска, Симона Мајер, Ленче Андрееска, Рабија Дервиши и Наташа Андонова.

Во нападот на македонската репрезентација ќе бидат Јилза Максути, Гентијана Рочи, Меланија Грозданова и Јована Павловска.

Во рамки на првото коло на групата 6 од сегментот Ц, Македонија на домашен терен беше поразена од Косово со 4:0.

Александар Ванев, М-Нет