
Начинот на селектирање и собирање на комуналниот отпад е од суштинско значење за одржување на чиста животна средина. По тој повод се одржа дискусија меѓу градоначалникот на Општина Штип, Николов со релевантни институции за создавање на различни трибини, предавања и обуки за да се пронајде вистинскиот начин за селекција и собирање на комуналниот отпад кој како проблем се јавува во сите општини.
„Во соработка со УГД ја започнуваме првата акција за описменување на нас кои не сме во тој сектор на одржувањето и начинот за справување со кумуналниот отпад, за да можеме да ги едуцираме сите институции и личности кои се енволвирани во овој процес„ – истакна Николов.
По барање на градоначалникот Николов да се спојат ресурсите со научните институции да се работи на еден поефикасен, поекономичен, по квалитетен пристап во управувањето во сите ресурси во животната средина почнувајќи со отпадот како прв чекор.
„Почнуваме со изработка на планови, ова е основен, прв чекор со кој би требало да се запознаеме со состојбите на комуналниот отпад и начинот на негово селектирање“ – кажа Мираковски.
Депонијата кај Мечкуевци која е проектирана како санитарна депонија ќе преставува дополнителен чекор плус за одржување на чиста животна средина како и справување на проблемите со отпадот на целиот Североисточен и Источниот регион од државата.
Лаура Стојанова М-Нет