Се бара ново решение за пренасочувањето на сообраќајот низ Штип, заради реконструкција на обиколницата

Реконструкцијата на обиколницата во Штип, и пренасочувањето на возилата низ центарот на градот под Исарот како проект не наиде на прифаќање од страна како на штипјани така и на надлежните. Се работи на изнаоѓање посоодветно решение, со кое сообраќајот нема да се пренасочува целосно низ Штип.

„Вчера бев на состанок во Јавното претпријатие за државни патишта разговаравме за решавање на проблемот со обиколницата кој за жал е донесен уште пред да дојдам јас ккао градоначалник и јас без разлика на исходот од состанокот поднесувам барање да се преусмери тој пат кој што сега како план и стратегија е направен да минува низ Штип“ – истакна Николов.

Овој проект е направен од претходно и пред Николов да седне во градоначалничката фотелја, со направена законска финансиска рамка. Но сериозноста на истиот зборува за можноста за барање на ново решение, бидејќи Штип како центар во Истокот, ќе биде целосно заглавен во хаос и метеж во сообраќајот.

Времтраењто на овој сериозен зафат се најавува да биде 6 месеци, со што предвидено е целипот сообраќај да минува низ Штип, без притоа да се размислува на сообраќајниот метеж, уништувањето на патиштата и загадувањето на воздухот.

Лаура Стојанова М-Нет