
Со 18 коло се комплетираше Првата футсал лига на Македонија, а сезоната ќе се затвори со одигрувањето на финалето од Купот и со комплетирањето на Втората футсал лига со што ќе се затвори и официјално сезоната 2024/2025.
Форца е старо нов шампион, а сега тимот е насочен на големото финале од Купот кое се игра во Радовиш каде Форца ќе ја брани Куп титулата против Осогово од Крива Паланка, кој игра историско Куп финале.
Од Првата во Втората футсал лига испаднаа екипите на Железарец и Црна Река, кои од следната сезона ќе биде второлигаши и сигурно е дека ќе сакаат експресно враќање во Првата футсал лига.
Останува сега битката меѓу Балкан, Овче Поле и Мал Ајакс од Штип кои од овие две екипи ќе бидат нови прволигаши и со тоа да ги имаме сите екипи кои ќе настапуваат во Првата футсал лига за следната сезона, а со тоа ќе ги имаме и сите екипи во Втората футсал лига со тоа што тука нема да биде ништо затворено, бидејќи може некоја екипа да се откаже од натпреварување, а може да се случи и да има новопријавени екипи за следната сезона во Втората футсал лига.
Алекснадар Ванев, М-Нет