
Македонската фудбалска репрезентација ги дозна противниците за новото издание на Лигата на нации, каде нашата селекција за првпат ќе настапи во Б-дивизијата. Селекторот Гоце Седлоски со респект зборуваше за ривалите, но истакна дека Македонија има квалитет и амбиција да биде конкурентна во групата.
Седлоски посочи дека Шкотска и Швајцарија важат за главни фаворити, со оглед на нивниот континуитет на настапи на големи натпреварувања и учеството на претстојното Светско првенство, нагласувајќи дека станува збор за селекции со врвно искуство и квалитет.
Сепак, македонскиот селектор порача дека националниот тим не влегува во циклусот со улога на аутсајдер. Напротив, целта е Македонија да биде конкурентна на секој натпревар, без разлика дали игра на домашен терен или на гости, наметнувајќи дисциплинирана, организирана и храбра игра.
Според него, репрезентацијата располага со зрела генерација и јасна идеја за начинот на кој треба да изгледа на теренот, а клучни ќе бидат фокусот, посветеноста и тимскиот дух.
Настапот во Лигата Б претставува нов предизвик за Македонија, но и можност да се потврди напредокот и да се покаже дека националниот тим сосема заслужено е дел од оваа конкуренција.