Се чисти депонијата кај Пребег, отпадот да се депонира во депонијата а, не надвор од неа

Започна чистењето на депонијата кај населбата Пребег во Штип. Екипи од Општината во соработка со комуналната инспекција излегоа на терен каде се собираше градежен шут, земја и градежни материјали оставени на депонијата. Несовесни граѓани и фирми, ваквиот вид на отпад наместо на самата депонија го оставале пред депонијата и на влезот на истата. Со ова Општината има дополнителна работа, а депонијата останува постојано несредена.

„Се прават активности за расчистување на депонијата, сакаме да упатеме апел до сите фирми и градежни фирми да го одлагаат тој вид на отпад, земја, шут, на самата депонија на самиот влез или пред населбата Пребег. Бидејќи казните за правните лица се поразлични од физичките лица.“ – вели Везенков.

Везенков апелира за поголема совеснот од страна на правните и физички лица кога станува збор за депонирање на отпадо. Вели дека Општината треба да биде известена кога и каков отпад ќе се фрла во Пребег. На тој начин ем се чува чиста околината ем нема да има потреба да се санкционираат граѓаните и фирмите.

„Упатуваме апел до самите фирми да знаат каде да го одлагаат тој отпад а, не да го одлагаат на локации по нивна волја или некаде каде што мислат дека им е поблиску и со тоа да прават проблеми.“ – додава Везенков.

Казните за непочитување на одлуките за депонирање на отпад се движат од 1500 до 3000 евра за правнпото лице, казна од 500 евра заработува и одговорното лице. Везенков во оваа прилика истакна дека ова е последна мерка која се презема со цел да се стави ред на градските депониии во Штип и истите да бидат почисти.

Лаура Стојанова М-Нет