Се фаќаат ли врски за децата да ја поминат годината во училиштата и дали со тоа им се одмага на нив?

Се фаќаат ли врски за децата да ја поминат годината во училиштата и дали со тоа им се одмага на нив? Побозрасните граѓани тврдат оти порано се учело од книги, се читало и знаењето се стекнувало со труд. Денес, децата растат со технологија, вештачка интелигенција и социјални мрежи кои постојано им го привлекуваат вниманието.

Но, кој е виновен за ваквата состојба во образованието? Дали наставникот, родителот или самиот ученик? Граѓаните велат наставникот е клучот за успешна настава, но родителот е оној кој многупати ги прави збрките во оценувањето, па неретко наставниците се ставени во тесно.

И додека едни ја поминуваат годината многу лесно и едноставно, други за истата оценка труд вложуваат цела година. Граѓаните велат мора да има фер оценување.

Неписменоста и фаќањето врски за оценка резултираат со слабо знаење кај учениците, а тоа го потврдуваат и најновите податоци од ПИСА – Македонија е меѓу последните земји по читање со разбирање.

Ева Тушевска, М-Нет