
Започна уредувањето на влезот пред уште една станбена зграда во Штип. Во тек се активности на терен кај дел од станбените згради на улица Пиринска. Во меѓувреме се работи на отпочнување на актвности со кои ќе се припрема за асфалтирање крак од улицата „Ванчо Прке“. На ваков начин централното градско подрчје во Штип добива поинаков лик потенцираше градоначалникот Јорданов.
„Продолжуваме со активностите во неколку населби во нашиот град. Денес започнува уредувањето на влезот на станбена зграда на улица Пиринска. Ќе се избрши асфалтирање на овој потег, партерно уредување на еден дел од станбената зграда. Очекувам во текот на денот или најдоцна утре да се започне со припрема за асфалтирање и на пристапната улица то ест крак од улицата Ванчо Прќе“ – вели Јорданов.
Двесетина влезови на станбени згради до сега и уште најмалку десетина до крајот на годината е билансот од направеното. До сега хортикултурно се уредени влезовите во населбите Автокоманда и Сењак, а се работи и во Осми Ноември. Јорданов потенцираше на терен активности ќе има додека служат временските услови.
„Како што знаете во изминатиот период работевме на партерно уредување на влезовите на станбени згради во населбата Автокоманда, во Сењак, а влегуваме и во населбата Осми Номеври. Повеќе од 20 станбени згради се со завршени влезови и пристапи. Очекувам до крајот на годината да бидат опфатени повеќе од десетина станбени згради со уредсување, асфалтирање на пристпани улици и слично“ – додава Јорданов.
Проеките за хортикултурно уредување на влезови пред станбени згради е по барање на жителите во Штип на кои работи локланата власт.
Лаура Стојанова М-Нет