
Се укинува пролениот распуст за учениците од основното и средното образование посочи министерката за образование Весна Јаневска, ова пред се се должи на анкетите од страна на родителите кои покажаа дека ниту тие ниту повозрасните ученици не сакаат да имаат пролетен распуст.
„Не, нема да има пролетен распуст финалните анкети на родителите покажаа дека тие не сакаат но и на повозрасните ученици исто така, така да оваа година пролетен распуст нема да има“ вели Јаневска
Анкетите покажаа дека пролениот распуст предизвикува губење на континуитетот на децата, исто така се случувале ситации каде родителите немале можност да ги остават помалите деца а и празницните не можеле да ги поминат заедно.
“Во овој момент не затоа што направивме легитимна анкета граѓаните ги кажаа своите потреби, ние како Власт рековме дека ќе биде транспарентни и еве тоа го спроведуваме и им возможуваме според нивните потреби да го спроведуваме образованиот процес. Ако тие сметат дека ниту на децата ниту на родителите им одговара пролетен распуст, децата губеле континуитет, родителите нема каде да ги остават помалите дечиња а не им се поклопува со одредени празници да можат заеднички да ги искористат сметаат дека е повеќе компликација отколку поволност и во тој правец ние одлучивме оваа година учебната година да се одвива од втори семптември до десетти јуни за сите оние освен матурантите,“ изјави Јаневска
Па така учебната годинна ќе започне на втори септември а ќе заврши на десети јуни
Лаура Стојанова, М-Нет