
Модерни и убави услови за спортување ќе добие село Радање во пресрет на празникот Св. Кирил и Методиј. Општина Карбинци од денес активно работи на поставување на таратан подлога на повеќенаменското игралиште во селото, а предвидено е за најкус временски период истото да биде завршено. Градоначалникот Виктор Паунов, рече дека целта на овој проект е грижата за најмладите, кој сакаат да спортуваат.
,,Овдека продолжуваат градежните активности во рамките на превиденото или програмата на Општина Карбинци. Во овој момент работиме на изградба или поточно реконструкција на модерна тартан подлога на повеќе наменското игралиште во ова населено место. Ова значи дека ќе ги подобриме условите и во делот на спортската инфраструктура и во селото Радање. Овдека познато е дека се организират традиционален турнир во мал фудбал и сега еве продолжуваме во пресрет на празникот на селото св. Кирил и Методи, ќе имаат модерни услови за спортување. Целта на оваа реконструкција е грижата за најмладите и за сите оние кои што сакаат да спортуваат, затоа работиме на подобрувањата на овие спортски терени. „, рече Паунов
Паралелно со ова во текот на наредните денови ќе започне и второто повеќенаменско игралиште со поставување на нова тартан подлога, истакна Пунов, додавајќи дека истото е предвидено за во селото Карбинци.
Општина Карбинци дополнително работи и на други проекти. Во моментот се работи и на изградба на поголема улица во село Таринци, се работи на доградба на детската градинка. Во следните денови се очекува да бидат потпишани и договорите од страна на владата за новите проекти од кредиот од Унгарија, а имено станува збор за поголеми капитални проекти, како во селата Таринци и Карбинци, така и во селото Долни Балван.
Иван Митев, М-Нет