Штипјанецот Александар Авукатов се враќа дома по лекувањето во Бугарија

Штипјанецот Александар Авукатов, еден од пациентите кои се лекуваше во една од болниците во Р.Бугарија се враќа дома, соопшти министерство за здравство на Бугарија. Во временски период од шест седмици, Авукатов се лекуваше во болницата ,, Св. Героги“, каде имаше во опреативни интервенции, рехабилитација, а дополнително му беше укажана и психолошка помош. По пожарот, кој таа ноќ избувна во дискотеката Пулс во Кочани, 14 лица беа пренесени на лекување во Бугарија. Петмина од нив остануваат под опсервација во Пирогов и на Воено-медицинската академија во Варна.

Иван Митев, М-Нет