
Се намалува бројот на тужби од припадници на АРМ, за исплата на додатоци. Според министерот за одбрана Владо Мисајловски, во минатото институцијата се соочувала со околу илјада тужби, кои чинеле повеќе од 15 до 20 милиони евра. Тој вели дека најголемиот дел од обврските што претходно не биле исплатени сега се подмирени. Со тоа, како што посочува, се прават напори да се намали потребата од нови судски постапки.
,,Многу се намалени тужбите, се разбира дека постојано можат да се случат од различен тип. Но, она што беше навистина тешко, 1000 тужби во минатото, тоа се сериозни пари над 15,20 милиони евра што на контото на министерството тие тужби беа доставени, ние ги исплативме . Исплатено е се она што порано не се исплаќало, исплатено е се она што опфажа по колективен договор и гледаме да нема причина повторно да иам тужби. Секогаш ќе се јави може би некоја од минатото, може би нева нови, но правиме максимален напор за да се намалат тие тужби.“, кажа Мисајловски
Мисајловски тврди дека околу 20 сетина милиони евра, биле исплатени само минатата година за претходните осум години. Потенцираше дека сега тоа не се случува, а ако има тужби, тие се минимален број.
,,Ако во минатта година исплативме за претходните седум, осум години околу 20 сетина милиони евра, замислете колку нови објекти можеше да се направат. Сега тоа не се случува, може би ќе има некој, но тоа се минимален број. И да има некаква причина ќе седнеме со сите да разговараме и тоа да го надминеме, но најважно е да се почитува колективниот договр. Јас асполутно го почитувам како министер.“, додава Мисајловски
Министерот Мисајловски, потврди и дека бројот на тужби засега е минимален, а ако бројот се зголеми, сите ќе седнат да разговараат за да се надминат проблемите, но најважно како што рече е да се почитува колективниот договор.
Иван Митев, М-Нет