На 25.10.2020 во 21.00 часот во Полициската станица Штип било пријавено дека околу 20.45 часот на ул.„Маршал Тито“ во Штип настанал пожар на патничко моторно возило „голф“, со штипски регистарски ознаки, сопственост на З.С.(62) од Штип. Увид на местото извршила увидна екипа на СВР Штип. Се работи на расчистување на случајот.
