
Се асфалтираше крак од улицата „Петта партиска конференција“ во Штип. По барање на жителите од овој дел од горадот по долги години денеска се нанесе асфалтен слој и на овој крак од улицата. Станува збор за крак од улица во должина од 700 метри квадратни, за што општината од Буџетот издвои над 480 илјади денари.
Како што посочија од таму и во периодот кој следи ќе се работи на реконструкција на улици и патишта во повеќе населени места во Штип, уредување на тротоарски површини, влезови пред станбени згради и слично. Целта е Штип да биде уреден и модерен град за живеење.