Се асфалтираат улици во Чардаклија во Штип, најавено асфалтирање во населбите Балканска, Караорман и село Долани

Се започнува со асфалтирање на претходно трасираните и предвидените пристапни улици во населбата Чардаклија во Штип. За реализирање на овој проект потребни биле да се издвојат нешто повеќе од два милиони денари. За утре најавени се и асфалтирања во Караорман, Балканска како и селото Долани кое што е опфатено со проектот „Штип без кал“

“ Во текот на денот се надевам дека ќе бидат завршени сите предвидени улици кои што ќе се асвалтираат за да веќе во утрешниот ден се навлезе веќе во Караорман, Балканска и веднаш потоа и во село Долани кое што е предвидено исто така да биде опфатено со пректот „Штип без кал“. Средства кои што се обезбедени од Буџетот на општина Штип и кои што секоја година ги предвидуваме за асфалтирање на оние краци, оние улици кои досега никогаш со асвалт не биле на маса„

Јорданов очекува во текот на летото да се опфатат уште десетина улици кои ќе бидат асфалтирани се со цел да се зголеми инфраструктурата на општина Штип

„Очекувам ова лето да бидат опфатени десетина улици кои што ќе бидат асфалтирани кои што претходно се нотирани како потреба на граѓаните и врз основа на тоа секоја година да ја зголемуваме инфрастуктурата на општина Штип.“ вели Јорданов

Во иднина се најавени низа проекти на повеќе локации низ градот Штип кои што се дел од проектот „Штип без кал“.

Лаура Стојанова, М-Нет