
Поголем дел од населбите на територија на Општина Штип утре ќе останат без вода. Затоа што ќе се реалзириаат активности кои ќе бидат насочени кон инсталирање на нова главна водоводна линија која ќе овозможи реконструкција на дел од застарената водоводна линија, но и поставување на нови главни водоводни линии со кои што ќе се подобри состојбата со водоснабдувањето на територија на Општина Штип и ќе се реши долгогодишниот проблем на граѓаните.
„Повеќе од 1,5 милиони евра се инвестирани под земја за инсталирање на овие главни водоводни линии во должина од нешто повеќе од четири километри кои опфаќаат нова главна водоводна линија од главната филтер станица до населба Баби со што населба Баби ќе го реши долгогодишниот проблем со честите прекини во водоснабдувањето.“ – изјави Јорданов
Паралелно ќе се работи на поврзивање на главна водоводна линија на булеварот Партизанска, односно ниска зона која децениски претставуваше проблем нанзад, заради честите дефекти и дотрајаноста на страта водоводна линија. Градоначлникот Иван Јорданов и директорт на ЈП „Исар“ Кирил Зајков ја информираат јавноста и бараат трпеливост бидејќи активностите се работат по динамичен план за реализација и по однос на реалзирацијата во текот на утрешниот ден ќе има прекини во водоснабудањето во поголеми делови од градот.
„Утре е важен и голем ден бидејќи утре се поврзува повеќе од еден километар нова главна водоводна линија. Поврзувањето ќе се одвива со следниот динамичен план. Во 11 часот вечерва ќе се исклучи главната водоводна линија и без вода за пиење ќе остане поголем дел од градот. Баби, Сењак 4 , 8ми Ноември, Исарот, Ново село, Пребег и индустрискиот дел заедно со Три чешми. Четири екипи на ЈП„Исар“ ќе работат на поврзување на поставување на водоводната линија и очекуваме во два часот да биде нормализирано водоснабдувањето, бидејќи станува збор за главна водоводна линија.“ – додава Зајков
Од ЈП „Исар“ посочиа дека утре граѓаните не треба да ја користат водата за пиење, а во петок ЈП ќе земат мостри од населбите и ќе потврдат дека водата е исправна за пиење. Со оваа активност која се работи на терен ќе се реши проблемот со водоснабдувањето во наредните 50 години.
Лаура Стојанова, М-Нет