
Три нови улици добиваат населените места на територија на општина Карбинци. Проектот беше започнат пред околу две недели, на што претходеше распишување јавна набавка за наоѓање изведувач на активностите, а денес започна и асфалтирањето со кое нова реконструирана улица ќе добијат селата Козјак, Аргулица и Таринци. Според градоначалникот Паунов, ваквите активности продолжуваат со цел подобра инфраструктура.
„Денес го завршуваме, односно ги реализираме оние три улици коишто ги започнавме пред извесно време. Денес асфалтираме во село Козјак, потоа продолжуваме во село Аргулица и во наредните денови ќе завршиме во селото Таринци. Овие три улици се со површина од 1700 метри квадратни, ја чинат Општина Карбинци 1.700.000 денари, пари обезбедени од буџетот на Општината. Во следниот период ќе продолжиме со вакви активности сѐ со цел да ги подобриме условите за живеење на овдешните жители и подобрување на нашата инфраструктура. Така ветувавме и го остваруваме сето ова“, истакна Паунов.
Паунов истакна дека дополнително се работи и на проекти за нови улици, за кои градежните активности ќе се изведуваат напролет. Планирана е и реконструкција на патниот правец Долни Балван – Таринци, но и на други улици во рамки на проектот „Карбинци без кал“.
Ребека Спасова М-Нет