
Нови паркинг површини добива населбата Сењак во Штип. Станува збор за простор на кој претходно се наоѓале лимени гаражи. Со нивно отстранување просторот е рационално искористен, со што жителите ќе добијат и нови паркинг места, уреден простор и место кое ќе можат да го користат пред станбените згради. За ова општина издвои нешто повеќе од два милиони денари.
„Се работи на асфалтирање на паркинг површина која ја оформивме откако претходно се отстранија лимени гаражи. Истата рационално е искористена, ќе има повеќе паркинг површини, урбана опрема, со цел да се користи оваа лоокација од страна на граѓаните.“ – вели Јорданов.
Во наредниот период ќе се работи и на останати локации во Штип. Ќе се прават планови за уредување и согласно истите етапно ќе се отстрaнуваат лимените гаражи кои се поставени на јавна површина.
„Сите времени објекти кои се на јавна површина и онаму каде во даден момент ќе се одвиваат одредени активности добиваат известување за да бидат отстранети. Етапно работиме. Секаде каде имаме планирано некоја содржина претходно се известуваат сопствениците да ги отстранат своите лимени гаражи.
Јорданов посочи дека остануваат уште неколку локации кои треба да бидат уредени и асфалтирани во наредниот период. Ќе се работи истакна тој се додека дозволуваат временски прилики.
Лаура Стојанова М-Нет