СДСМ Штип: Ќе има ли кадровски промени во јавните претпријатија? О.Штип: Ако има ќе ја известиме јавноста



Дали ќе има кадровска промена во јавните претпријатија во Штип – прашаа денеска на прес конференција од ОО на СДСМ Штип. Без обвинувања и навреди, прашуваат дали ќе се прмени директорот на ЈП Стипион и дали ќе има промена на работни места во ЈП Исар. Ова како што велат од СДСМ е бидејќи станува збор за јавни претпријатија и јавноста треба да знае.

„Без навреди, обвинувања и офирања, сакаме да знаеме дали се точни информациите што ги имаме дека градоначалникот на Општина Штип ќе прави реинтеграции и промени во кадровската структура, односно промена на директор на Стипион 2011, промена на раководната структура и дали е точно дека ќе има пормена на работната структура од едно работно место во ЈП Исар на друго работно место. Ве молиме да не биде сватено во негативна конотација, целата прес конференција е со намера и со цел да се осознае дека ова се јавни претпријатија од интерес на граѓаните на Општина Штип и истите да бидат информирани и да ги добијат точните информации“ – велат од СДСМ.

Од општината без конкретен одговор на поставените прашања. Велат дека ако има промени јавноста ќе биде известена.

„Како локална самоуправа секогаш сме транспарентни и одговараме пред граѓаните,а не пред СДС која не заслужува. Доколку евентуално се случат било какви кадровски промени јавноста ќе биде известена благовремено.“ – велат од општината.

Лаура Стојанова М-Нет