
Со насилно преземање фирми, притисоци и уценување – на ваков начин ВМРО ДПМНЕ им помагаше на стопанствениците – реагираа од ОО на СДСМ Штип по денешната посета на дополнителната министерка за финасии, Елена Петрова. Во писменото соопштение испратено од СДСМ се упатуваат и низа прашања до Петова.
“На стопанството во Штип и пошироко им се добро познати методите и мерките со кои што ВМРО-ДПМНЕ им помагаше на стопанствениците – со насилно преземање фирми, притисоци и уценување. Дали при посетата, дополнителната министерка Елена Петрова, им објасни како беше во времето на ВМРО-ДПМНЕ кога работниците земаа 8.000 денари минимална плата, а како е денес кога таа изнесува над 20.000 денари. И за крај, дали Елена Петрова ги посети здравствените работници и им образложи зошто одби над 1.100 барања за согласност за вработување !?“ – реагираат од СДСМ.
Дополнителната министерка за финасии, Елена Петрова утринава оствари средба со стопанствениците во Штип, на која се разгледаа проблемите со кои се соочуваат и можните решенија за излез од кризата.
Лаура Стојанова М-Нет