
Локланата Власт во Карбинци е неспособна за работење, ама способна е за шетање, обвинија денеска преку писмено соопштение од ОО на СДСМ Карбинци. Од таму велат дека градоначалникот и дел од администрацијата неколкупати биле на патување, па упатуваат низа прашања, кои жителите треба да ги знаат.
„Локалната власт во Карбинци неспособна за работење, ама способна за шетање. Сакаме јавно да прашаме дали патувањата во Будимпешта, Истамбул, неколкупати во Грција, Бугарија, Албанија и други познати дестинации се службени или приватни посети. Средствата за превоз сместување и престој дали се платени од приватни или службени сметки?
Отсуството од работа на градоначалникот и дел од администрацијата дали е покриено со решение за одмор, боледување или службено патување.
Жителите на Општина Карбинци заслужуваат договор“ – напишаа од СДСМ.
Станува збор за манипулација, не сум искористил ниту еден ден одмор, а дел од патувањата ми беа приватни, врати градоначалникот Паунов. Тој истакна дека на дел од дестинациите бил со неговото семејство за време на викенди.
„Јас како градоначалник за една година немам направено ниту едно службено патување, ниту отсуство или боледување. Напротив секојдневно си ги извршувам моите работни активности, ова е груба манипулација. За разлика од нив немам ниту еден денар поторшено во кафеана, репрезентација, службено патување, службено возило или слични такви бенифиции. Она што приватно сум го правел со моето семејство е на викенд патување кое сум го реализирал со моето приватно возило.“ – кажа Паунов.
Паунов реагираше и на дел од наведените дестинации, односно истакна дека се измислени од страна на СДСМ. Делумно патувал вели со семејството за време на викенди.
Лаура Стојанова М-Нет