Мицкоски вели дека од денес техничката вода во Гостивар е чиста. Дали му верувате, прашуваат од СДСМ.
„Над 4.070 граѓани во Гостивар побарале медицинска помош. Вчера беа регистрирани уште 125 прегледи на лица со симптоми, а едно дете е хоспитализирано во болница. Водата била загадена со фекалии. А институциите молчеле. Симптомите почнале на 14 јули. Епидемија е прогласена дури на 19 јули. Цели пет дена институциите не ја информирале јавноста навреме и не презеле мерки. Додека граѓаните масовно завршувале по амбуланти и болници. Министерот Клековски потврди дека имало отстапувања во примероците. Но, предупредувањето дојде доцна“, велат од партијата.
Според СДСМ, ова не е технички пропуст туку системски колапс.
„Кога институциите молчат додека илјадници луѓе се трујат, тогаш повеќе не зборуваме за грешка. Зборуваме за однос кон граѓаните. Одговорноста е јасна. Прашањето е само кога некој конечно ќе ја преземе. Мицкоски вели дека од денес техничката вода во Гостивар е чиста. Дали му верувате?“,прашуваат од СДСМ.
Мицкоски вчера најави дека денеска Гостивар ќе добие технички исправна вода за користење.
Текстот СДСМ: Дали му верувате на Мицкоски дека денеска ќе има исправна вода во Гостивар е превземен од МАКФАКС.