
Цените на становите во Штип драстично пораснаа и не одговоараат на стандардот на граѓаните, посочија денеска на прес конференција од советничката група на СДСМ и коалцијата. Од таму бараат станбените згради кои ќе се градат во штипска Автикоманда да бидат предадени на ЈП за изградба и стопанисување со станбен и деловен простор, со цел да се продаваат по пониска гарантирана цена.
„По преземањето на власта од страна на ДПМНЕ штипската јавност ја брануваа низа скандали околу продажбата на една од најголемите парцели, односно продажбата на „Печурките“. Советничката група на СДСМ на денешната седница побара оваа парцела да не биде повторно дел од програмата за располагање со градежно земјиште на Општина Штип за 2025 година. По најавите дека ќе се интервенира во цените на становите, бараме оваа парцела да биде предадена на ЈП за изградба и стопанисување со станбен и деловен простор каде би се изградиле станови по пониска гарантирана цена“ – велат од СДСМ.
На овој начин како што посочија од СДСМ, Локалната Власт би се спротиставила на градежната мафија во градот, а со тоа ќе се покаже и важноста на интересот на граѓаните.
Лаура Стојанова Ќирчов, М-Нет