СВР Штип спроведе акциска контрола на возила со кои се врши јавен превоз на патници

На 18.11.2020 СВР Штип спроведе акциска контрола на возила со кои се врши јавен превоз на патници, при што се откриени вкупно 6 прекршоци, од кои два за неисправен уред за запирање, два за неисправен уред за управување и два за неисправни светлосни уреди. Преземени се мерки за сите горенаведени прекршоци. Санкционирани се и 43 останати прекршоци.