Повардарската епархија највува дека на ден вторник 14.05.2024 год во 17:30 часот во неготинското село Тимјаник во црквата Рождество на пресвета Богородица ќе пристигне чудотворната икона на Пресвета Богоридца од манастирот Дохијар од Света Гора изјавија од повардарската епархија.
„Возљубени,
Во радоста на Воскресението Христово, би сакале да Ве известиме за уште еден убав настан кој ќе се случи деновиве во нашата Повардарска епархија. На 14.05.2024 година (вторник), во 17.30 часот ќе пристигне чудотворната икона на Пресвета Богородица – Скоропослушничка во црквата „Рождество на Пресвета Богородица“ во неготинското село Тимјаник. Иконата, од манастирот Дохијар на Света Гора, ќе ја донесат монасите од овој манастир до влезот на селото, од каде што со Литија ќе се донесе во црквата „Рождество на Пресвета Богородица“, каде ќе биде дочекана од нашиот Митрополит Агатангел. По дочекот на иконата, во 18 часот ќе биде отслужена Вечерна богослужба.“ – велат од епархијата

Следниот ден на 15.05.2024 (среда), во истата црква ќе се отслужи Света Божествена Литургија. Ве повикуваме сите да дојдете на поклонение пред оваа чудотворна икона на Мајката Божја. По дочекот во 18:00 часот ќе има вечерна богослужба, додека утредента на 15.04 во црквата ќе се одржи Света Божествена Литургија.
Лаура Стојанова, М-Нет