Во средното медицинско училиште во Штип нема услови за реализирање на државната матура согласно препораките од Државниот испитен центар. Директорката Марија Николиќ вели дека има голем број на матуранти, ама нема доволно простор, односно мали се холовите и спортската сала каде средношколците треба да полагаат матура. Вели за ова се известени од ДИЦ од каде што чекаат повратна информација.
„Во СОУ Јане Сандански Штип согласно барањњата, а големиот број на матуранти кои ги имаме ние не ги исполнуваме условите и затоа очекуваме повратна информација од Државен испитен центар како ќе се реалзира матурата“ – вели Николиќ.

Во СОУ„Јане Сандански“ – Штип државна матура ќе полагаат 203 ученици колку што се пријавени за македонски јазик. Матурата треба да се полага во холови или спортски сали со цел да се спречи препишувањето.
Лаура Стојанова, М-Нет