Свечено доделени свидетелствата на учениците во ООУ,,Димитар Влахов“ Штип, успешно завршена учебната 2024/2025

Со голема радост и гордост, денес свечено беа доделени свидетелствата на учениците за учебната 2024/2025 година во ООУ „Димитар Влахов“ Штип. Овој свечен момент претставува крај на една успешна учебна година, исполнета со многу труд, предизвици и постигнати успеси.

Свеченоста беше исполнета со емоции и радост, а присутните ученици, родители и наставници се соединија во празничната атмосфера. Наставниците, кои беа сведоци на посветеноста и трудот на учениците во текот на целата година, со гордост им ги доделија заслужените свидетелства. Како што информираат тие за нашата телевизија, денес се додели признание за постигнатиот труд на учениците, додавајќи дека ова е поттик за нови достигнувања и нови успеси, поттикнувајќи ги да продолжат со посветеност и мотивација.

Учениците, кои го завршија овој важен чекор на патот на своето образование, беа поздравени со топли зборови од наставниците и родителите, кои го делат со нив секој успех.

За оние ученици кои не можеа лично да присуствуваат на настанот, беше дозволено нивното свидетелство да го подигнат родителите или старателите.

Овој свечен момент го заокружи крајот на учебната година и претставуваше поттик за нови предизвици и успеси во иднината.

Иван Митев, М-Нет