Од септември целодневен престој и за учениците од ООУ,,Страшо Пинџур“ Карбинци, подготовките се при крај

Oд септември целодневен престој и за учениците во Општина Карбинци. Оваа иницијатива, е во соработка со општината и основното училиште „Страшо Пинџур“, кои што ќе им овозможат на учениците од сите населени места во општината да продолжат со наставата и по редовниот училишен ден. Градоначалникот Виктор Паунов најави дека, по обезбедувањето на сите потребни документи, училиштето ќе ја организира продолжената настава за дечињата кои имаат потреба од неа. Исто така, за учениците ќе биде обезбеден бесплатен превоз, со што се овозможува полесен пристап до наставата.

,,Општина Карбинци заеднички со ОУ,,Страшо Пинџур“ од Карбинци воведуваме од месец септември новитет, кој што е по барање на граѓаните на Карбинци. На наше задоволство успеавме да ги обезбедиме сите потребни документи да воведеме целодневен престој, односно продолжена настава, која што ќе се одвива натериторија на Карбинци, поточно во централното училиште. Ова ќе значи дека од сите населени места, односно од сите подрачни училишта во Карбинци во организација на училиштето, ќе имаат можност дечињата кои што имаат потреба да имаат продолжен престој од редовната настава да можат да го направат тоа, да се запишат и учулиштето да им го овозможи со соодветен наставен кадар, започнувајќи од новата учебна година од месец септември. Општина ќе обезбеди и превоз за учениците.“, рече Паунов

Продолжената настава во Општина Карбинци ќе обезбеди значителни придобивки за учениците и нивните родители. Според директорката на ООУ „Страшо Пинџур“, Наталија Костова, потребата за оваа иницијатива е реална и одраз на анкетите спроведени меѓу родителите

,,Oпфатот на ученици во продолжен престој, значи голема придобивка прво за родителите, бидејќи анкетирани беа поголем дел родители, кои имаа потреба и тоа е реална потреба за опфат на учениците, после редовната настава. Наставата ќе се реализира со соодветна програма за продложен престој, која е во склоп на годишната програма за работа на училиштето. Наставата ќе биде до 16:30 часот, а ќе почнува од 12 часот. Најдоцна до 17 часот .“, истакна Костова

Со воведувањето на целодневниот престој, Општина Карбинци ги исполни очекувањата на родителите и учениците, создавајќи подобри услови за образование. Овој новитет, кој стартува во септември, ќе ја подобри достапноста на образованието и ќе обезбеди поголема флексибилност за дечињата и нивните семејства. Општината продолжува со активностите за унапредување на образованието и создавање поквалитетни услови за идните генерации.

Иван Митев, М-Нет