Свечена акдемија, признанија за просветните работници и награди за најдобрите ученици во Штип

Признание на просветните работници и огромна благодарност упати градоначалникот на Општина Штип, Иван Јорданов, по повод денот на сесловенските браќа Кирил и Методиј. Во говорот на свечената Академија која денеска се одржа во салата на советот во Општина Штип, Јорданов зборуваше за истрајноста и пожртвуваноста на просветните работници, со која постигнуваат резултати на многу полиња.

“Вашите успеси за кои денеска Општина Штип ви оддава признание се само доказ за истрајноста и пожртвуваноста, но и за светоста на вашата професија. Постигнавте успеси на сите полиња и градите личности кои ќе ја продолжат изградбата на нашата заедница. Вашата благородна професија е ненадминлива.“ – вели Јорданов.

На Свечената Академија со музичка точка пред присутните се преставија и дечињата од детската градинка „Астибо“ од Штип.

Истовремено за првпат годинава општината ги награди најдобрите ученици на лични творби на тема „За светите браќа Кирил и Методиј“.

На натпреварот учествуваа 33 творби во три категории, за ученици од одделенска, предметна и за ученици од средните училишта.

Лаура Стојанова М-Нет