Сајбер булингот на врвот на листата видови насилства, главна причина ковид-пандемијата

Двата случаи во Штип во кои беше изразено врсничкото насилство во основните училишта го вклучи црвениот аларм. Расте бројот на деца кои сѐ повеќе се вклучени во врсничко насилство, а како една од причините се јавува и корона-пандемијата. Зголемени се и случаите во кои децата имаат проблеми со менталното здравје.

„Најчесто во нашето училиште го има психолошкото и социјалното насилство, физичко насилство е многу ретко, бидејќи мора да правиме разлика меѓу тоа што е насилство и меѓусебни закачки и тепачки или нетрпеливост на учениците. Насилството преставува кога дејствие се врши во подолг временски период“, вели Ничева.

Од Општина Штип истакнуваат дека се вклучени во активности за да се спречи врсничкото насилство во училиштата и потенциираат дека и двата случаи се надминати преку разговори и со учениците и со нивните родители.

„Се работеше за случаи на насилство надвор од просториите на училиштата. За жал децата меѓусебно изразувале нетрпеливост и го искористиле моментот на превоз до училиште. Целта е да се делува што порано за да не ескалираат ваквите ситуации. Ние разговараме и со родителите и со децата со цел да не се повторат немилите ситуации“, додава Санева.

Освен врсничкото насилство зголемен и бројот на сајбер насилството кое се искачи на врвот на насилства после корона пандемијата во Штип.

Ребека Спасова М-Нет