Саше Михајловиќ го засили Младост од Богданци, Еурофарм Пелистер 2 прв фаворит за враќање во Суперлигата!

ФОТО: Телевизија М Нет

Прволигашот Младост од Богданци го промовираше бекот Саше Михајловиќ како најново засилување за новата сезона во Првата ракометна лига.

Новото засилување на екипата од Богданци доаѓа од редовите на ланскиот суперлигаш Вардар од Неготино, каде две сезони го носеше дресот на овој тим.

Михајловиќ ќе биде еден од адутите во борбата на Младост за враќање во Суперлигата.

Еурофарм Пелистер 2 ќе биде главен кандидат за експресно враќање во Суперлигата, откако минатата сезона испадна во баражот од Радовиш.

Младите пелистерци ќе бидат предводени од новиот тренер Александар Зарков, за што веќе инфоррмираше телевизија М Нет, а подготовките на овој тим веќе течат успешно.

Еурофарм Пелистер 2 ќе се подготвува во Битола, ќе одигра серија на контролни натпревари, а ќе учествува и на турнирот „Миле Нешкоски“ во Прилеп. Останатите контролни натпревари ќе бидат дефинирани по дефинирањето на календарот за Првата лига 2024/25.

Еурофарм Пелистер 2 направи конкурентен тим за новата сезона и со тоа ќе биде главен кандидат за експресно враќање во Суперлигата, а беа промовирани средниот бек Стефан Дрогришки, левото крило Дамјан Наумовски и голман Мартин Јовановски.

Александар Ванев, М-Нет