Саса подобра од Осогово на тестот во Кочани, Пелистер го доби Новаци со седум гола

Каменица Саса денес одигра пријателски натпревар со Осогово во Кочани каде „рударите“ од Македонска Каменица беа подобри на овој тест со 1:2.

На тестот меѓу Новаци и прволигашот Пелистер беа постигнат седум погодоци за триумф на битолчани од 3:4.

За Новаци стрелци беа Стефан Стефавноски, Иве Трифуновски и Стефан Трајчевски, а пак за Пелистер стрелци беа Давид Ангелевски, Бобан Здравевски, Дамјан Масевски и Андреј Сиљановски.

Новата сезона во Првата лига ќе започне на 10. август, за што веќе е познат распоред, а веќе инфорамираше М Нет, а Втора лига стартува на 17. август, а на 5. август ќе биде познат распоредот.

Александар Ванев, М-Нет