Сè уште трае потрагата по момчето кое исчезна во Преспанското езеро

Повеќе од 20 часа се трага по момчето кое вчера исчезна во Преспанското езеро.

Како што информираа од полицијата, станува збор за 16 годишно момче од Ресен, а инцидентот се случил во туристичката населба „Претор“.

Момчето било со уште двајца негови другари на педалинка која се превртела. Двајцата успеале да се извлечат од под подалинката, но 16-годишникот не успеал да исплива на површината.

Во потрагата се вклучени и нуркачи.

Текстот Сè уште трае потрагата по момчето кое исчезна во Преспанското езеро е превземен од МАКФАКС.