
Ракометната федерација и Кошаркарската федерација преку соопштенија информираа дека се одложени сите натпревари кои беа закажани за денес.
Денес простор за спорт нема, затоа се одлагаат сите кошаркарски натпревари.
„Длабоко сме потресени од трагичната несреќа во Кочани во која животот го загубија десетици млади луѓе. Во овие тешки моменти, нашите мисли и милитви се со семејствата и блиските на настраданите. Изразуваме најискрено сочувство и поддршка. Поради големата трагедија во Кочани, сите натпревари од сениорски и младински лиги закажани за денес, 16.03.20225, недела се одложуваат“, се вели во соопштението на Кошаркарската федерација на Македонија.
Денес ниту ракомет нема да има, сите натпревари се одложуваат.
„Ракометната федерација на Македонија по големата трагедија во Кочани ги оддложува сите денешни натпревари во сите категории. Во овие тешки моменти нашите мисли и молитви се со семејствата и настраданите во трагедијата. Упатуваме искрено сочувство“, се вели во соопштението на РФМ.
Ноќеска во Кочани се запали дискотека во која животот го загубија најмалку 51 лице.
Александар Ванев, М-Нет